18 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јули >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31


18 јули е 199-иот ден во годината според григоријанскиот календар (200-и во престапна година). Остануваат 166 денови до крајот на годината.

Настани:

64  Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори.
1830  Уругвај го усвојува својот прв Устав.
1846  Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1898  Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент.
1925  Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифестМојата борба“.
1936  Шпанска граѓанска војна: востаниците ја завземаат Галиција, западна Кастиља, западна Андалузија и Арагон.
1968  Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел.
1967  Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј.

Родени:

1635  Роберт Хуканглиски физичар.
1664  Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршкигермански епископ († 1732)
1837  Васил Левскибугарски револуционер.
1877  Елин Пелинбугарски писател.
1887  Видкун Квислингнорвешки соработник на нацистите. Неговото име стана синоним за велепредавство на идеалите на сопствената држава.
1918  Нелсон Манделајужноафрикански претседател.
1924  Џон Гленамерикански космонаут.
1932  Евгени Евтушенко — советски и руски поет, писател, актер, сценарист и режисер.
1934  Наум Манивилов - Преспански — македонски поет.
1963  Марк Џирардели — луксембуршки скијач
1970  Анатоли Тишченко — руски спринт-кануист.
1971  Пени Хардевеј — американски кошаркар.
1980  Кристен Бел — американска актерка.
1983  Даниел Наваро — шпански велосипедист.
1984  Хавиер Морено — шпански велосипедист.
1986  Сајмон Кларк — австралиски велосипедист.

Починале:

1721  Жан Антоан Ватофранцуски барокен сликар.
1817  Џејн Остинанглиска писателка.
1872  Бенито Хуарезмексикански претседател.
1895  Стефан Стамболов — бугарски револуционер.
1949  Вичеслав Новак — чешки композитор.
1997  Јуџин Шумејкер — американски астрогеолог.

Празници:

  Уругвај - Ден на Уставот.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември