Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 82.532 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Цртеж на архетипен нинџа. Збирка  „Хокусаеви скици“ од Кацушика Хокусај, прва половина на XIX век

Нинџа (忍者?) или шиноби (忍び?)таен агент или платеник во феудална Јапонија, стручен за неконвенционални начини на војување. Задачите на нинџата биле шпионажа, саботажа, инфилтрација и атентати, како и отворена борба во одредени ситуации. Нинџите користеле прикриени методи за водење војна, за разлика од самураите, кои имале строги правила за чест и борба.

Потеклото на нинџите е нејасно и тешко да се утврди, но се претпоставува дека потекнуваат од околу XIV век. Сепак, се смета дека претходниците на нинџите постоеле уште од хејанскиот и раниот камакурански период. Постојат малку пишани докази во кои детално се опишуваат активностите на нинџите. Зборот шиноби до XV век не се користел за да се опишат агенти слични на нинџите и е малку веројатно шпионите и платениците пред тоа време да биле сметани за специјализирана група. Во немирите во периодот Сенгоку (XV–XVII век), платеници и шпиони за изнајмување се појавиле во регионите Ига и Кога во Јапонија и заклучено е дека подоцнежното знаење за нинџите е добиено од овие кланови. По обединувањето на Јапонија под власта на шогунатот Токугава, нинџата повторно исчезнала во заборав. Но, во XVII и XVIII век, прирачници како Бансеншукаи (1676), често насочени кон кинеската воена философија, се појавиле во значителен број. Овие текстови открија асортиман на филозофии, религиозни верувања, нивната употреба во војувањето, како и техники за шпионирање што ги формираат основите на уметноста на нинџата. Зборот нинџуцу подоцна ги објаснувал големиот број на практики поврзани со нинџата. (Дознајте повеќе...)

Дали сте знаеле…

Од најновите статии на Википедија:

Џин-тоник


На денешен ден…

Денес е 10 јули 2015 г.

Настани:

1943  Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија.
1953  Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи - Лаврентиј Бериј, егзекуторот на Сталинистичките чистки. Подоцна Бериј е уапсен, осуден на смрт и стрелан.
1962  САД го лансираа првиот телекомуникациски сателит Телстар-1 за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973  Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
1992  Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама - Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама.

Родени:

1509  Жан Калвин — верски реформатор.
1830  Камиј Писарофранцуски сликар и графичар.
1856  Никола Тесла — истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1871  Марсел Прустфранцуски писател и академик.
1889  Николај Асеев — советски и руски поет.
1895  Карл Орфгермански композитор.
1930  Иван Ивановски — македонски поет.
1931  Алис Манро — канадска писателка — нобеловка.
1950  Абдираим Идризи — македонски и косовски писател.
1957  Петар Нечовски — македонски пејач.
1965  Митар Мркела — српски и југословенски фудбалер.
1965  Алексија — принцеза на Грција.
1967  Зоран Џорлев — македонски виолинист.

Починале:

685  Константин IVвизантиски цар.
983  Бенедикт VII — римски папа.
1099  Ел Сидшпански национален херој.
1559  Анри II — француски крал.
1851  Луј Дагерфранцуски пронаоѓач и фотограф.
1884  Пол Морфиамерикански шахист.
1998  Атанас Близнаков — основач на истоимената фондација при универзитетотСв. Кирил и Методиј“ во Скопје.
2001  Хусни Џемаили — член на „ОНА“.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 287 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и друго
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич