Избрана статија за оваа седмица
|
Шума — подрачје густо обраснато со дрва. Шумите покриваат 9,4% од површината на Земјата или 30% од вкупната копнена површина), но некогаш покривале 50%. Имаат значајна улога како живеалишта за организмите, како чинители во кружењето на водата и запазувачи на почвите. Со тоа, тие се меѓу најважните елементи на биосферата.
Една шума се состои од горен кат (кај крошните) и долен кат, кој потоа се дели на кат на грмушки, кат на билки и кат на мовови и почвени микроорганизми. Кај извесни посложени шуми постои и изразен меѓукат на пониски дрвја. Шумите се од огромно значење за човекот бидејќи вршат незаменливи задачи и претставуваат извор на најразновидни ресурси: складираат јаглерод, учествуваат во регулирањето на климата на планетата, ја пречистуваат водата и спречуваат природни непогоди како поплави. Во шумите се присутни цели 90% од сувоземната биоразновидност во светот.
Шумите во Македонија зафаќаат една третина од површината на земјата, опфаќајќи вкупно 319 видови дрвја и грмушки со над 80 подвидови и вариетети во рамките на 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број на видовите се балкански ендемити или субендемити. Овие се распоредени во 81 шумска фитоценоза во состав на 31 сојуз, 11 реда и 6 класи.
Вкупната површина на шумите во земјата изнесува 1.091.857,59 ха, од кои 835.055,82 ха а се обраснати и 256.801,77 ха се необраснати (голи делови). Има и дополнителни 80.000 ха или (7,32%) за кои постојат пооскудни податоци полади малото стопанско значење. Најшумовити делови се пошироките појаси долж границите, особено во западна Македонија, додека најобесшумени се Повардарието, Овче Поле и Пелагонија. Најзастапени се листопадните шуми, поточно дабот и буката. (Дознајте повеќе...)
|
На денешен ден…
|
Денес е 24 септември 2014 г.
Настани:
1905 |
Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под доминација на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон VII. |
1908 |
Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени. |
1941 |
Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканската унија, Советскиот Сојуз и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската. |
1993 |
Во Монте Карло, Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство како 195-ти член. |
Родени:
Починале:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|