Се верува дека градот е основан од страна на грофовите Андекс, најверојатно околу средината на XII век, но прв пат се споменува како Бајеруте (Baierrute) во 1194 година, во еден документ на епископот Отон II од Бамберг. Слогот -руте (гер. -rute) може да значи „расчистување”, додека Бајер (гер. Baier-) укажува на доселеници од подрачјето на Баварија.
Градот е прочуен по неговата поврзаност со композиторот Рихард Вагнер, кој живеел во Бајројт од 1872 година, па сè до неговата смрт во 1883 година. Вилата на Вагнер, „Ванфрид“ била изградена во Бајројт под покровителство на кралот Лудвиг Втори од Баварија, а по Втората Светска војна била пренаменета во музеј посветен на Вагнер. На север од Бајројт се наоѓа фестивалската сала, специјално изградена оперска куќа, посветена исклучиво за изведување на оперите на Вагнер. На премиерите на последните две дела од циклусот Вагнер „Зигфрид“ и „Залез на боговите“. (Дознајте повеќе...)
... дека родителите на Цар Самуил се погребани во преспанско-леринското село Герман?
... дека во местото Прора на островот Риген во Германија е изградено одморалиште кое претставува најголемиот угостителски објект во светот со капацитет од 20.000 легла?
... според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот персеј Персеј, роднина на Александар Македонски?