Создадена е во 2014 г. откако властите на поранешната Автономна Република Крим и градот Севастопол објавиле независност од Украина и добиле речиси апсолутна поддршка (96,77%) од населението на референдум да станат составен дел од Русија како два нејзини федерални субјекта.
Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија — потег кој истите тие сили го оправдувале и целосно поддржувале. (Дознајте повеќе...)
... дека родителите на Цар Самуил се погребани во преспаско-леринското село Герман?
... дека во местото Прора на островот Риген во Германија е изградено одморалиште кое претставува најголемиот угостителски објект во светот со капацитет од 20.000 легла?
... според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот персеј Персеј, роднина на Александар Македонски?
При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек кој полета со космички брод во вселената, херој на Советскиот Сојуз. На 12.04.1961 година, со космичкиот брод „Восток“ ја обиколи Земјата за 108 минути, летајќи на височина помеѓу 181 и 327 километри. По поминатите 41.000 километри, успешно се спушти на Земјата.
Во Санта Круз, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.