Веројатносен распоред — односот помеѓу вредностите кои ги зема случајната променлива и нивните веројатности. Распоредот на веројатностите може да биде униваријатна и мултиваријантна. Униваријантниот распоред ги дава веројатностите на една случајна променива да преземе разни алтернативни вредности. Мултиваријантниот распоред ги дава веројатностите на еден случаен вектор – збир на два или повеќе случајни променливи – преземање разни вредносни комбинации. Од униваријантните распореди на веројатност најчесто се среќаваат и се многу важни слендиве: биномна веројатност, хипергеометриска веројатност и нормалниот распоред.
За да го дефинираме распоредот на веројатностите за наједноставните случаи, најпрво треба да правиме разлика помеѓу прекинатата и непрекинатата случајна променлива.
Ако променливата X случајно може да земе една од вредностите x1, x2, xn, со соодветни веројатности ( релативни фреквенции ) p1, p2,… , pn при што p1+ p2+… + pn = 1 во тој случај X претставува прекината случајна променлива.
Односот помеѓу вредностите кои ги зема случајната променлива и веројатностите со кои тие вредности ги зема се нарекува „распоред“ („закон“ или „функција“) на веројатностите на случајната променлива. Во општ распоредот на веројатностите на прекината случајна променлива може да се дефинира како збир на паровите на вредности со соодветни веројатности, при што збирот на сите веројатности е 1. (Дознајте повеќе...)
... според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот персеј Персеј, роднина на Александар Македонски?
на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.