Избрана статија за оваа седмица
|
![Budapestnight100.jpg](//web.archive.org./web/20130930111111im_/http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/da/Budapestnight100.jpg/250px-Budapestnight100.jpg)
Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот зафаќа површина 525 км². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој преставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на ренесансно-хуманистичката култура во XV век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно по 150 години отоманско владеење, со развојот на регионот во XVIII и XIX век, по обединувањето од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала жариште на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле дека…
|
Од најновите статии на Википедија:
![Знак на валонски за одредено училиште во Валонија, Белгија.](//web.archive.org./web/20130930111111im_/http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b0/Fosses-la-Ville_%28Bambois%29_JPG02.jpg/140px-Fosses-la-Ville_%28Bambois%29_JPG02.jpg)
- ...денес валонскиот јазик се смета за скоро исчезнат јазик, првенствено поради доминацијата на францускиот јазик во Валонија и забраната за употреба на валонскиот јазик од 1952 година?
- ... единицата за тежина фунта во Македонија се нарекувала „литра“?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?
- ... Тајланд е поделен на дури 76 покраини?
- ... фризискиот јазик е рамноправен со холандскиот во покраината Фризија?
- ... географскиот центар на Македонија се наоѓа во Длабок Дол, во атарот на селото Долно Врановци?
- ... Википедија има изданија на вкупно 285 јазици?
- ... помеѓу XIV и XVI век, во Белорусија се користела белоруска арабица, откако доселените Татари го усвоиле белорускиот јазик, задржувајќи го писмото од татарскиот?
- ... кај екраните, секој пиксел е поделен на три „потпиксели“ за трите основни бои (црвена, сина и зелена)?
- ... летот со „Сојуз 1“ го направил Владимир Комаров прв човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, но и прв човек којшто загинал за време на лет во вселената?
- ... според УНЕСКО, во Македонија се зборуваат 7 загрозени јазици?
|
На денешен ден…
|
Денес е 30 септември 2013 г.
Настани:
1814 |
По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили. |
1864 |
Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија. |
1903 |
Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Марцштеска реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи. |
1991 |
Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка. |
1993 |
Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години. |
1998 |
Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција - МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. |
Родени:
Починале:
Празници:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|