Избрана статија за оваа седмица
|
Чакра (потекнува од санскритскиот cakraṃ चक्रं; кинески: 轮, тибетски: འཁོར་ལོ་; „khorlo“) е санскритски збор кој се преведува како „тркало“ или „вртење“.
Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните вртлози за кои, според традиционалната индиска медицина, се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата” или спирали со енергија кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртечките вртлози на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергија. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина) во енергетското тело.
Чакрите најчесто се преставуваат на два начина, во форма на цвет и во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на радиуси го делат кругот на делови со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле дека…
|
Од најновите статии на Википедија:
- ... летот со „Сојуз 1“ го направил Владимир Комаров прв човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, но и прв човек којшто загинал за време на лет во вселената?
- ... првата граматика на ацтечки јазик била издадена во 1547 година, три години пред издавањето на првата француска граматика?
- ... поради високиот степен на метаболизам, кртовите се многу ненаситни по храна?
- ... Бен Невис (највисоката планина во Британија), во превод од гелски значи „Отровна Планина“?
- ... во американската хеви-метал група Megadeth членувале над 20 музичари?
- ... во германскиот град Мајнц се наоѓа единствената бискупија во светот, чиешто епископско седиште е наречено „Света столица“, покрај онаа во Рим?
- ... курдскиот јазик до 2000-те години, освен во Ирак, бил целосно забранет за употреба во сите региони каде што живее курдско население?
- ... според проценките за 2005 година само 28,7% од вкупното население на Нигер е писмено?
- ... според УНЕСКО, во Македонија се зборуваат 7 загрозени јазици?
- ... народот Калинаго на островот Свети Кристофер бил масакриран во 1626 година од страна на Французите и Англичаните, иако дозволил нивно доселување на островите?
|
На денешен ден…
|
Денес е 6 април 2013 г.
Настани:
885 |
Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј. |
1814 |
Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу до Италија. |
1896 |
Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи. |
1909 |
Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“. |
1917 |
САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија. |
1941 |
Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот. |
1991 |
Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. |
1994 |
Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира. |
Родени:
Починале:
885 |
Свети Методиј, заедно со брат му Кирил основоположник на сесловенската писменост (р. ~815) |
1199 |
Ричард Лавовско Срце, Крал на Англија (р. 1157) |
1520 |
Рафаело Санти, прочуен италијански ренесансен сликар (р. 1483) |
1528 |
Албрехт Дирер, германски сликар и гравер (р. 1471) |
1732 |
Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ (р. 1664) |
1887 |
Иван Крамској, руски сликар. |
1971 |
Игор Стравински, руски композитор (р. 1882) |
1992 |
Исак Асимов, американски писател на научна фантастика од руско потекло (р. 1920) |
2000 |
Хабиб Бургиба, основачот на современ Тунис (р. 1903) |
2005 |
Рение III, Принцот од Монако (р. 1923) |
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
|
|