Избрана статија за оваа седмица
|
Пак Чон Хи (1917-1979) бил генерал и претседател на Јужна Кореја. Пак Чон Хи организирал и предводел државен удар со кој ја освоил власта во Јужна Кореја. Најпрво владеел преку воената хунта наречена Врховен совет за национална обнова, а во 1963 година победил на претседателските избори (со што била создадена Третата република). Бил реизбран за претседател во 1967, 1971, 1972 (кога била основана Четвртата република преку уставот Јушин, создаден за да му овозможи Чон Хи да остане на власт), и 1978 година.
Пак е заслужен за брзиот економски раст на Јужна Кореја преку извозно ориентираната индустријализација. Меѓутоа, тој е контроверзна политичка личност во историјата на Јужна Кореја, поради својот авторитарен начин на владеење со земјата, особено по 1971 година. Во 1999 година, од страна на магазинот Time Пак Чон Хи бил рангиран меѓу стоте највлијателни „Азијци на векот“.
На 26 октомври, 1979 година, врз него бил извршен успешен атентат. Чон Хи бил убиен од страна на Ким Jae Кју (1926-1980), стар пријател на Чон Хи и директот на Корејска централна разузнавачка агенција. Постои поделеност околу неговото наследство, од една страна се истакнува неговата улога во обновата на Јужна Кореја по катастрофалната Корејска војна, а од друга страна се осудува неговиот авторитаризам, особено силен по 1971 година. (Дознајте повеќе...)
|
На денешен ден…
|
Денес е 18 октомври 2012 г.
Настани:
1867 |
Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Аљаска за седум милиони и двесте илјади долари. |
1912 |
Во Лозана, Турција и Италија потпишале договор за мир, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912). |
1943 |
Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. |
1962 |
После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета. |
1967 |
Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. |
1972 |
Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина. |
1994 |
Британската кралица Елизабета II за прв пат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија. |
Родени:
Починале:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
|
|