Во понеделник, 7 јуни, со почеток во 18.00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи промоција на студијата „Обезвреднување на трудот: анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“.
Ситуацијата со работничките права во Македонија е лоша и постојано се влошува. Законските права на работниците не само што не се почитуваат, туку и постојано законски се намалуваат. Секоја година, сите досегашни влади без исклучок, и оние предводени од СДСМ и оние предводени од ВМРО ДПМНЕ донесуваа нови закони и измени на законите со кои ги кратеа законски гарантираните права на работниците.
Во студијата се анализира овој процес на намалување на работничките права во Република Македонија преку усвојување измени во законската регулатива. Извршената анализа на измените кои се направени во последните 20 години кај 24 закони изобилува со фактографски податоци кои покажуваат кои права се укинати, кога и од која влада. На таков начин, студијата овозможува подобро разбирање на процесот на транзиција во нашата земја, кој сè уште претставува доста неистражена материја. Покрај тоа, студијата пополнува важна празнина во проучувањето на трудовото право во Република Македонија.
При спроведувањето на истражувањето беа утврдени неусогласености на одредени законски решенија со Уставот на Република Македонија и во врска со тоа се поднесени седум претставки до Уставниот суд. За издвојување е претставката со која се бара укинување на одредбата од Законот за работни односи со која организирањето на штрајк е условено со постоење на синдикат во претпријатието.
Студијата е дел од проектот „Заштита и унапредување на работничките права во Македонија“ кој Движењето за социјална правда – Ленка го спроведува во соработка со Фондацијата „Роза Луксембург“ од Германија.
Студијата содржи 202 страници А5 формат и ќе биде дистрибуирана бесплатно во печатена и електронска форма на сите заинтересирани.
Во понеделник, 7 јуни, со почеток во 18.00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи промоција на студијата „Обезвреднување на трудот: анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“.Ситуацијата со работничките права во Македонија е лоша и постојано се влошува. Законските права на работниците не само што не се почитуваат, туку и постојано законски се намалуваат.
Секоја година, сите досегашни влади без исклучок, и оние предводени од СДСМ и оние предводени од ВМРО ДПМНЕ донесуваа нови закони и измени на законите со кои ги кратеа законски гарантираните права на работниците.Во студијата се анализира овој процес на намалување на работничките права во Република Македонија преку усвојување измени во законската регулатива.
Извршената анализа на измените кои се направени во последните 20 години кај 24 закони изобилува со фактографски податоци кои покажуваат кои права се укинати, кога и од која влада. На таков начин, студијата овозможува подобро разбирање на процесот на транзиција во нашата земја, кој сè уште претставува доста неистражена материја. Покрај тоа, студијата пополнува важна празнина во проучувањето на трудовото право во Република Македонија.
При спроведувањето на истражувањето беа утврдени неусогласености на одредени законски решенија со Уставот на Република Македонија и во врска со тоа се поднесени седум претставки до Уставниот суд. За издвојување е претставката со која се бара укинување на одредбата од Законот за работни односи со која организирањето на штрајк е условено со постоење на синдикат во претпријатието.Студијата е дел од проектот „Заштита и унапредување на работничките права во Македонија“ кој Движењето за социјална правда – Ленка го спроведува во соработка со Фондацијата Роза Луксембург од Германија.
Студијата содржи 202 страници А5 формат и ќе биде дистрибуирана бесплатно во печатена и електронска форма на сите заинтересирани.
Први мај не е ден за скари и прослави, Први мај е ден за протести!
Работничките права непрестајно се кршат во оваа земја! Исто така не само што не се почитуваат законските одредби, туку речиси секоја година досегашните неолибералистички влади на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ донесуваа измени и дополнувања на законите со кои се’ повеќе и повеќе ги намалуваат работничките права! Ориентирани кон создавање на бизнис рај, ја претворија Македонија во работнички пекол!
Кревајќи го гласот против ваквите состојби, Движењето за социјална правда – Ленка заедно со Анархистички Фронт и останати поединци, на Први мај, сабота, со почеток во 13:30 часот ќе одржи протест против континуираното кршење и намалување на работничките права во нашата земја.
Собирно место е паркингот позади Градскиот трговски центар (спроти хотелот Холидеј Ин), по што ќе се оди пред Собранието на Република Македонија, а потоа на плоштадот „Македонија“, каде ќе се држат говори и ќе се делат памфлети.
Сите вие со кои се изживуваат газдите на вашето работно место, што ’рмбате, што ви даваат плати под нивото што го заслужувате, што ви ги даваат платите со задоцнување, што не ве пријавуваат за да остварувате права од осигурување, што ве тераат да работите прекувремено без да ви платат, што ве тераат да работите во саботи, па дури и во недели, што ви вршат политички притисоци, што сексуално ве малтретираат, што ви го кратат породилното отсуство, што сте невработени, што сте сиромашни... сите вие дојдете на протестот! Дојдете и студенти – и вие сте идни работници, и вие по некоја година ќе ја почувствувате експлоатацијата на своја кожа! И вашите родители се работници и вашиот стандард е таков бидејќи ним им ги кршат правата!
Причината за сите овие неправди кои има се случуваат на работниците е нивната разединетост, и како такви, работниците немаат моќ да ги сменат и подобрат работите. Затоа мора да се обединиме и заеднички да го искажеме незадоволството и да се бориме за нашите права! Само така можеме да го добиеме она кое го бараме! Во единството е силата!
До кога ќе трпиме да ни ги намалуваат правата?! Дојдете заеднички да го искажеме нашето незадоволство!
Први мај не е ден за скари, ниту за прослави и дефилеа, Први мај е ден за протести! Денот за скари и излети е втори мај, а не први! На втори мај одете на излети и правете скари, а на први мај обединете се и барајте ги своите права на улица!
Во сабота, 10 април, со почеток од 13:00 часот во Жена-парк (спроти собрание), ќе се одржи АНТИ-НАТО СОБИР чија цел е подигнување на свеста на граѓаните за ВОЕНАТА организација НАТО.
Сметаме дека луѓето не се доволно информирани за оваа организација, нема доволно јавни дебати по прашањето за зачленувањето на Р. Македонија во НАТО.
Затоа се одлучивме да организираме мирен собир каде ќе може луѓето да дознаат повеќе за оваа ВОЕНА организација. Ќе се држат говори. Ќе се чита антивоена поезија. Ќе се изведе флеш моб за Повлекување на војниците од Р. Македонија од Авганистан. Ќе се подели информативен памфлет за НАТО. Ќе се дискутира.
Доколку ја поддржувате оваа иницијатива, тогаш споделете ја оваа вест на сите ваши познаници и познанички а воедно и ве покануваме да присуствувате на истиот.
ДСП Ленка подготви и памфлет во врска со овој настан, чиј текст можете да го преземете на следните линкови:
Денес, 26 април 2010 во 19:00ч. во Дом на АРМ во Скопје, Движењето за социјална правда - Ленка ќе одржи трибина на тема: „Улогата на синдикатите во заштитата на работничките права“. Некои од прашањата кон кои ќе се посвети внимание се:
- Дали македонските синдикати си ја вршат својата обврска да ги заштитат правата на работниците? - Кои се причините поради кои македонските синдикати недоволно ги штатат работничките права? - Дали само тие се виновни што состојбата со работничките права е таква каква што е? - Што да се преземе за да се подобри состојбата?
Трибината е замислена како форум на кој активистите и синдикалците ќе разменуваат идеи.
Еден од говорниците ќе биде Димитрис Цукалас, поранешен претседател на Синдикатот на банкарските работници на Грција, кој ќе се осврне на улогата на грчките синдикати во заштитата на работничките права во Грција и на тековната состојба со економската криза во Грција.
Останатите говорници се: Пеце Груевски, од Сојузот на синдикатите на Македонија и Здравко Савески, од Движењето за социјална правда - Ленка.
На хуманитарна помош се возвраќа со хуманитарна помош!
Во сабота, 20 март, со почеток во 13.00часот, пред Универзалната сала во Скопје Движењето за социјална правда – Ленка ќе организира мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан. На собирот ќе биде симулирана сцена на која цивили загинуваат при недоволно внимателно бомбардирање од страна на „мировните“ сили предводени од НАТО – пречеста реалност денес во Авганистан.
Авганистан беше една од земјите, кои по земјотресот во Скопје во 1963 година, донираа средства со кои беше изградена Универзалната сала. Денес, кога Македонија е потребно да возврати за помошта, наместо хуманитарна, културна, социјална, образовна помош, Македонија испраќа војници, кои таму не се во мировна мисија, туку се една од завојуваните страни.
Отпочнувањето војна во Авганистан (и во Ирак исто така) на државите предводени од САД не може да се подведе под категоријата мировна мисија, бидејќи мировните мисии не значат отпочнување војни, туку воспоставување мир по избувнат конфликт, не значат да се биде една од страните на конфликтот, туку неутрално раздвојување на страните на конфликтот. И во Авганистан и во Ирак „мировниците“ и ја почнаа војната и се една од завојуваните страни.
Авганистанскиот народ никогаш и со ништо не му згрешил на македонскиот народ. Напротив. Затоа, ако навистина постои желба да му се помогне на авганистанскиот народ, единствено соодветно е Владата на Република Македонија да испрати храна за гладните, покрив за бездомните, лекови за болните со парите што ги троши за испраќање војници.